Мајами направи брејк и славеше со 103-109 против Бостон за 2-1 во финалето на Источната конференција.
Гостите одлично го отворија мечот, во првата четвртина дојдоа до предност, која Бостон до крајот не успеа да ја стигне. „Жешките“ по првата четвртина водеше со 39-18, позитива која се покажа како доволна за втора победа.
Џејлен Браун беше лидер на Бостон со 40 поени и 9 скока, додека Ал Хорфорд додаде дабл-дабл од 20 поени и 14 скока. Бем Адебај со 31 поен, 10 скока и 6 асистенции го заврши мечот, 17 поени и 7 скока додаде Пи-Џеј Такер.