Килијан Мбапе одлучи да остане во ПСЖ и страви крај на трансфер сагата за која се пишуваше со месеци. Иако на големо се најавуваше дека ќе го облече дресот на Реал Мадрид, сепак францускиот првак се погрижи да му даде договор од соништата, кој не вклучува само пари, туку и можност да биде прашан за сите одлучи во тимот за следната сезона.
А се чини сето ова е вистина. Спортскиот директор Леонардо добил отказ, овој момент може да биде добар за клубот, од него се жалеа сите тренери поради водење начинот на водење на трансфер политиката која според многумина беше чудна.
Отказ се подготвува и за Маурицио Покетино, ова не е ништо ново бидејќи одамна се најавува. На листата на желби на ПСЖ е Зинедин Зидан, со кого треба да почнат преговороите.
„Леонардо ќе биде првиот кој ќе го напушти ПСЖ по потписот на Мбапе. Веќе се бара негова замена. Истото го очекува и Полетино“, напиша новинарот, Фабрицио Романо.
Leonardo, expected to be the first one set to leave Paris Saint-Germain after Kylian Mbappé’s contract extension. PSG already exploring options to replace him. 🔴🚨 #PSG
Same situation expected for Mauricio Pochettino. https://t.co/jADG3b9DFn
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 21, 2022