Милан на чекор до титулата, Интер се моли Сасуоло да одигра како некогаш

173

Денеска на програмата во Серија А е последното коло, во кое ќе се дознае и овогодиинешниот шампионат. Титулата ќе му припадне на еден од гигантите од Милано, Милан или Интер со тоа што пол позицијата ја имаат „Росонерите“ затоа што се лидери на табелата и затоа што им е потребно да не загуби на гостувањето кај Сасуоло. И реми му е доволно на Милан, додека пак Интер секако дека ќе инсистира на триумф против Сампдорија на домашен терен, тим кој веќе што се вели е на „распуст“.

Сасуоло е тим кој во изминатите години на Милан му создаваше многу проблеми, се сеќаваме сите на дебаклот во кој Доменико Берарди своевремено му даде четири гола на еден меч на тимот од Милано, но сега ситуацијата е нешто поинаква. Милан е на чекор до титулата, и веројатно нема да дозволи некаков непосакуван кикс.

Од друга страна пак, во битката за опстанок, Каљари би требало да ја победи Венеција на домашен терен, и да се надева дека Салернитана нема да обезбеди бодови кај Удинезе. Доколку Каљари денес победи, а Салернитана ремизира или загуби тогаш овој клуб се сели во втора лига.

ПретходноЛиверпул гледа спас во Стивен Жерард, Сити за титула против Вила
СледноДавидовски испиша историја, стана првиот Македонец со триумф во ТЦР Европа