Организаторите на Вимблдон не отстапуваат: СТОП за руски и белоруски тенисери!

299

Организаторите на Грен Слем турнирот Вимблдон се уште стојат на одлуката за за забраната за настап на руски и белоруски играчи како одговор на војната во Украина, и покрај тоа што тениските тела решија Вимболдон да не се бодува за АТП, ВТА и ИТФ листите.

Одлуката на Здружението на тениски професионалци (АТП), Женската тениска асоцијација (ВТА) и Меѓународната тениска федерација (ИТФ) ефективно го прави натпреварувањето своевиден егзибициски настан.

Сите три асоцијации им дозволија на руските и белоруски играчи да продолжат да играат на турнирите како неутрални, со забрането истакнување на национални знамиња и симболи.

Сепак, Сеанглискиот тенискиот клуб не сака да ја прифати одлуката.

ПретходноПознати 25 од 26 клуба кои директно одат во групите од ЛШ, последната непозната се решава во Англија
СледноАвстралијката Титмус е нова светска рекордерка на 400 метри слободно (ВИДЕО)