И официјално, Ц. Звезда е шампион на Србија и тоа петпати по ред. Вечерва со победата над Вождовац од 3:1, во меч од последното коло, момците на Дејан Станковиќ ставина печат на победата. Па така можеше да започне големото славје на “Маракана“.
Интересно е тоа што последнииот гол, оној за 3:1, го постигна голманот Борјан и тоа од пенал.
Во текот на поголемиот дел од сезоната Партизан беше водечки на табелата, но “црвено – белите“ умешно ги искористија сите киксови на својот вечен ривал и ете успеаја да дојдат до нов шампионски пехар.