Раде Цицмиловиќ – Воска: Сакаме да испишеме историја, сакаме во ПРВА ЛИГА!

989

Денеска од 17 часот во Струмица, екипата на Воска Спорт, тимот кој беше хит сезонава во ВМФЛ – ЗАПАД, ќе го одигра својот најважен меч во својата историја. Против Тиквеш во баражот ќе се бори за пласман во ПМФЛ.  Тимот од Охрид го делат само 90 минути од навистина сензационален успех.

Раде Цицмиловиќ, стратегот на Воска Спорт во пресрет на денешниот меч во Струмица, за “Спортмедиа“ истакнува…

„Тиквеш е фаворит, сепак кавадарчани официјално до овој меч се прволигаши. Затоа ја имаат таа фаворитска улога. Воска Спорт за овој натпревар се подготвува цела сезона и верувајте без оглед на тоа против кого играме ние нема така лесно да се откажеме од нашата цел. А таа цел е победа која за нас како клуб ќе значи и историја“ вели стратегот на охриѓани.

Тој верува во својот тим, вели дека Воска Спорт има квалитетни играчи кои може да донесат радост кај фановите на нивниот клуб.

“Играчите се свесни што значи овој натпревар, што за нас значи овој бараж. Тиквеш како клуб го почитуваме,но и ние имаме квалитет да се надигруваме со најдобрите екипи во ПМФЛ.Имаме играчи кои биле шампиони.Ќе дадеме се од себе да испишеме историја и да ги израдуваме нашите фанови“ заклучи Цицмиловиќ.

ПретходноМајами поведе со 2-1 во финалето на Истокот (ВИДЕО)
СледноДавидовски ќе стартува прв во Франција: Имам доверба во тимот!