Спортскиот директор на Баерн (М), Хасан Салихамиџиќ го обвини агентот на Роберт Левандовски дека негативно влијаел на играчот.
„Левандовски има договор до 2023 година и ќе го исполни. Нема да разговараме за внатрешни работи, предлози и слично. Тој има уште една година од договорот и точка. Разговаравме со неговиот агент и јасно ставивме до знаење дека планираме иднина со него. Дадовме понуда со многу јасна сума и рок. Изненаден сум што агентот зборува поинаку во јавноста. Агентот на Левандовски му ја наполи главата со глупости. Цела година се обидуваше да го сврти на друга страна. Тоа е неприфатливо. Имаме голема почит кон Левандовски. Баерн секогаш се однесувал коректно со него и секогаш му покажувал максимална почит“, изјави спортскиот директор на Баерн.