ТФТ и Гостивар во битка за последното плеј-оф место!

56

Останува уште една дилема да биде решена пред стартот на плеј-офот, откако таму место обезбедија првопласираниот тим, МЗТ Скопје, а полуфинале си закажаа Пелистер и Еуро Никел.

Последниот патник, кој ќе биде противник на бранителот на титулата ќе биде познат денеска. За место во плеј-офот во директна пресметка се борат ТФТ и Гостивар. Освојувачот на Купот на Македонија е домаќин на оваа средба, која е закажа со почеток во 18 часот.

Гостивар има добиено две од трите пресметки оваа сезона, двете се на домашен терен. Гостите по одличната серија влегоа во мала криза, запишаа два порази, кои го ставија под знак прашалник учеството во плеј-офот. На другата страна е во ритам падни-стани. Зад себе ја има победата над Феникс, која го остави во игра. Мотивите на двете страни се големи, па нема сомение дека ова ќе биде крајно неизвесна пресметка.

Во последното коло од Супер-лигата, силите ќе ги одмерат Пелистер и МЗТ Скопје. Оваа средба нема резултатско значење, но сигурно е дека и двата тима сакаат победа. Битолчани беа демолирани во Скопје и поразени од Еуро Никел во претходното коло. Пред плеј-офот само триумф ќе може да им ја врати самодовербата.

Што се однесува до избраниците на Александар Петровиќ, тие доаѓаат по целиот плен. Зад себе ја имаат неверојатната серија од осум победи во низа, немаат намера да застанат токму тука. Мечот почнува во 18:30 часот.

ПретходноБаражи за ПМФЛ: Ќе “ВРИЕ“ во Струмица, Тиквеш или Воска….“пиратите“ се фаворити против Беласица во Штип!
СледноБензема збесна, Мбапе го нарече предавник!