Со вчерашните натпревари помеѓу екипите на Шкупи и Вардар односно Чаир 2030 и Струмица се комплетира и изгледот на табелата во Втората лига – мажи за тековната натпреварувачка сезона 2021/2022.
Во натпреварот за третото место на табелата, славеа кошаркарите на Вардар кои ги совладаа кошаркарите на Шкупи со 67-92. Во вториот меч од второлигашка агенда, последна за оваа сезона, кошаркарите на Чир 2030 славеа над Струмица со 91-79 и го подигнаа шампионскиот трофеј.