По завршување на фајнл-фор завршницата во Евролига, Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи сподели интересна фотографија и испрати порака, која него и Србија со право ги прави горди кога станува збор оваа сезона.
Оваа земја која е позната како расадник на голем број таленти во овој спорт, ги има тројцата најдобри кошаркари за сезонава во сите најсилни клупски натпреварувања.
Никола Јокиќ е МВП во НБА-лига, Василије Мициќ на Ф4 во Евролига, додека Милош Теодосиќ е најкорисниот кошаркар во Еврокупот. На сето ова Ноле го додаде и Никола Миротиќ, МВП од регуларниот дел од сезоната во Евролига.
„Најдобрите кошаркари на планетата во трите најважни натпреварувања доаѓаат од Србија. Фантастично. Земја на кошарката. П.С: Миротиќ исто така е наш човек“, пиша Ноле.
. @DjokerNole on twitter talking about 🏀 & the excellence of 🇷🇸🏀 players 😁😁 pic.twitter.com/L6Mtl5BZhX
— Julie 🇫🇷🇬🇧 (@NDjokofan) May 21, 2022