Toтенхем избори место во ЛШ, Јунајтед за малку ќе останеше без Лига Европа

225

Екипата на Тотенхем го освои четвртото место во Премиер лигата и заедно со шампионот Манчестер Сити, Ливерпул и Челзи ќе игра во Лигата на шампионите идната сезона. Арсенал извиси и заврши на петтото место со два бода помалку од ривалот од северен Лондон. „Топчиите“ ќе играат во Лигата на Европа заедно со Манчестер Јунајтед кој за малку ќе останеше и без ова европско натпреварување. „Ѓаволите“ беа поразени од Кристал Палас, но и директниот ривал Вест Хем претрпе пораз, па така составот на Ралф Рангник го сочува шестото место на табелата со 58 бода, два повеќе од седмиот Вест Хем кој ќе игра во Лигата на конференции.

Она што е интересно да се каже е дека Манчестер Јунајтед го претрпе шестиот пораз по ред на гостински терен за прв пат по март 1981 година и не успеа да ја заврши сезоната со позитивен баланс во смисол на дадени и примени голови (57:57).

Лидс се спаси од испаѓање по триумфот над Брентфорд. Лигата на напуштија Барнли, Ватфорд и Норвич.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноВардар 1961 го освои Бутел, победа го дели од двојната круна
СледноВоска Спорт остана без тренер…Цицмиловиќ си поднесе оставка!