Австралијката Титмус е нова светска рекордерка на 400 метри слободно (ВИДЕО)

77

Австралиската пливачка Аријарна Титмус го собори светскиот рекорд на 400 метри слободно на националното првенство во Аделаида.

Титмус (21) трката ја заврши за 3:56,40 минути, а претходниот рекорд го држеше Американката Кејти Ледецки (3:56,46), која го постави на Олимписките игри во Рио 2016 година.

Титмус освои злато и на 200 метри слободно, сребро на 800 метри и бронза во штафетната трка.

ПретходноОрганизаторите на Вимблдон не отстапуваат: СТОП за руски и белоруски тенисери!
СледноАрсенал ќе купи двајца фудбалери на Барселона?