Екипата на Вардар 1961 дојде до планираните бодови во претпоследното коло од плеј-офот. На гостувањето кај Бутел славеше со 23-33 (12-16) и се најде на победа до двојната круна. Во последната рунда, избраниците на Давид Дејвис на домашен терен го пречекуваат Охрид.
Дибиров со седум гола и Талески со пет гола беа творци на триумфот на „црвено-црните“, на другата страна Мајиќ имаше шест погодоци.
Актуелниот македонски првак лесно го отвори дуелот, поведе со 2-4, па 5-9. Најголемата предност во овој дел од мечот беше пет гола разлика 11-16. На одморот беше 12-16.
Бутел Скопје не доволуваше целосно да биде надигран, добро се држеше до средината на вториот дел кога успеа да намали на 19-22. На другата страна Вардар не му дозволи на домаќинот да се разигра, притисна и за брзо со серија од 1-5 дојде на 20-27 на девет минути до крајот.
Преостанатиот дел беше само чиста формалност. Во 58. минута, гостите дојдоа до двоцифрена позитива од 22-33.