Воска Спорт не само што остана без пласман во ПМФЛ туку остана и без тренер. Имено веднаш по поразот од Тиквеш, во баражот и тоа со 1:4, тренерот на охриѓани Раде Цицмиловиќ си поднесе оставка.
“Јас ја преземам одговорноста за овој висок пораз. Кога нема да се успее да се оствари победа на ваков важен натпревар тогаш се знае што следува. Си поднесувам оставка од местото шеф на стручниот штаб на Воска Спорт. Благодарност до играчите, до раководството на клубот, пред се до газдата Нефи Усеини и до сите со кои досега соработував во изминатата година. Навистина жалам што ете не успеавме Воска Спорт да ја однесеме до ПМФЛ, тоа ќе беше фантастичен успех, но ете…“ изјави за “Спортмедиа“ Раде Цицмиловиќ.