По четири сезони минати во Бутел Скопје и дваесетина години активно играње ракомет, Бојан Спасовски реши да ја заврши кариерата.
Токму на последниот меч на домашен терен, раководството на клубот го испочитува својот капитен.
Мечот меѓу Бутел Скопје и Вардар беше прекинат во 14. минута во негова чест, Спасовски доби врамен дрес од Бутел Скопје, но и подарок дрес од Вардар со потпис од сите играчи.
Бојан потекнува од Радишани, а потоа ги бранеше боите на Пролет, Вардар Јуниор и Охрид.
Со Бутел три пати беше дел од Ф4 во Купот на Македонија, а оваа сезона го освои третото место во Суперлигата. Играше и во европските купови со Бутел Скопје.