Ова го нема никаде: Вистинско „Реално шоу“ во Бугарија (ВИДЕО)

1423

Вистински хаос настана поради пенал за екипата на Царско село на мечот со Локомотива. Играчите се расправаа кој да го изведе ударот од белата точка, дури и за малку ќе се степаа, па на теренот влезе и првиот човек на Царско Село, Маналов и интервенираше.

Судијата и обезбедувањето едвај го тргнаа од теренот. Но, тука не завршуваат урнебесните моменти, играчот за кој и првиот човек на клубот се бореше да изведува удар од белата точка го промаши истиот, а неговиот тим беше елиминиран од лигата.

Фудбалерот кој го шутираше пеналот е Мартин Кавдански, екс-фудбалер на Шкендија, играше во 2014 година.

 

ПретходноМбапе веднаш почна да дели откази во ПСЖ
СледноХаос во Загреб: Пресметка меѓу навивачите и полицијата, двајца застрелани, голем број повредени (ВИДЕО)