На денот кога треба да заврши фудбалската сезона во повеќето европски национални првенства, се очекува само уште едно име на клуб кој следната сезона ќе обезбеди директен пласман во групната фаза на Лигата на шампионите. Во моментов се познати 25 клубови кои ќе играат во елитата од есента, а името на 26-тиот клуб ќе го дознаеме откако своите натпревари вечерва ќе ги одиграат Арсенал и Тотенхем во последната рунда од Премиерлигата.
Арсенал го пречекува Евертон и се надева дека ќе го совлада градскиот ривал за да има шанса со евентуална победа да го престигне Тотенхем на четвртата позиција, кој има два бода предност пред градските ривали и меч на гости кај Норич. Останатите 25 клуба кои ќе бидат директно сместени во групите во новото издание на ЛШ се:
АНГЛИЈА (4): Ливерпул, Манчестер Сити, Челзи, (Тотенхем или Арсенал)
ШПАНИЈА (4): Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Севиља
ИТАЛИЈА (4): Милан, Интер, Јувентус, Наполи
ГЕРМАНИЈА (5): Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, РБ Лајпциг, Баер (Л), Ајнтрахт (Ф)
ФРАНЦИЈА (2): ПСЖ, Олимпик Марсеј
ПОРТУГАЛИЈА (2): Порто, Спортинг Лисабон,
ХОЛАНДИЈА (1): Ајакс
ШКОТСКА (1): Селтик
БЕЛГИЈА (1): Клуб Бриж
УКРАИНА (1): Шахтјор Донецк
АВСТРИЈА (1): РБ Салцбург