Македонскиот борец во средна категорија Ален Амедовски дебитираше во УФЦ во 2019 година, на два настапи забележа два порази, па доби уште една шанса.
Амедовски мораше да го победи Џозеф Холмс, но беше поразен само по 64 секунди. Македонецот мораше да го предаде мечот поради задушување.
Од самиот почеток на борбата Амедовски ја презеде средината и го притисна Холмс. Американскиот борец се бранеше со удари, после 40 секунди борба од никаде му го стави коленото во брадата на Амедовски, кој не заврши со нокаут, но мораше да го предаде мечот. Холмс најверојатно стави крај на УФЦ кариерата на македонскиот борец , барем засега.
Тешко е да се очекува УФЦ ќе го задржи Амедовски по три порази во исто толку настапи. Не му користи ниту тоа што последните две борби траеја вкупно 78 секунди. Амедовски во УФЦ дојде со сооднос 8-0, а под капата на Белатор забележа две победи. Од македонскиот „фајтер“ се очекуваше многу повеќе, но 34-годишниот едноставно не успеа да покаже што знае во рамките на УФЦ.