Клоп: Не ми се јасни навивачите на Вулверхемптон!

1801

Јирген Клоп по вчешраниот меч против Вулверхемптон, кој Ливерпул го доби со 3-1, но неговиот тим сепак остана без титула, беше лут на навивачите на гостинскиот тим. Манчестер Сити успеа да приреди пресврт против Астон Вила и да слави со 3-1, во еден момент „граѓаните“ губеа со 2-0.

Во моментот кога избраниците на Пеп Гвардиола постигнуваа голови на оваа средба, навивачите на Вулверхемптон ги прославуваа истите, ги провоцираа фановите на Ливерпул.

„Не ги разбирам навивачите на Вулверхемптон, како можеа да ги слават головите на Сити. Не ги разбирам таквите чувства. Не е целосно неочекувано, но повторно…“, изјави Клоп по мечот.

Во еден момент се појави информација дека Астон Вила успеала да изедначи на 3-3, па на момент се славеше на „Енфилд“.

„Повеќе би сакал Сити да водеше со 5-0 по 10 минути игра, отколку да го гледам ова што се случи. Беше 3-2, во еден момент некој кажа дека е 3-3, изгледаше како да сме прваци само неколку прваци“.

ПретходноИгор Стефановски Иџе и во иднина бренд амбасадор на Видеолотарија Касинос Австрија
СледноДодека сите го чекаат Јокиќ, Србија се соочува со нов проблем пред Европското првенство!