Македонската одбојкарска репрезентација од денеска влегува во последниот дел од подготовките пред стартот на натпреварите во новото издание на Европската сребрена лига. Момците предводени од новиот селектор Павличевиќ во СЦ „Борис Трајковски“ ќе имаат само уште неколку тренинзи за да ја темпираат формата за премиерниот дуел во групата „Б“ против селекцијата на Босна и Херцеговина закажан в среда.
По половичниот ефект на двете контроли со Албанија (една победа и еден пораз), деновиве се поправаат грешките од вториот меч за да се влезе со оптимална форма за дуелот со Босанците. Од Одбојкарската федерација на Македонија велат дека очекуваат голема поддршка и од нашите навивачи во најголемата наша арена, па затоа се одлучија влезот за натпреварите во Скопје да биде бесплатен.
Македонија в среда од 20.15 ја пречекува селекцијата на БиХ, потоа оди на гости кај Романија (28.05), на 1 јуни ја пречекуваме дома Албанија, па потоа ќе им гостуваме (04.06), за на 8 јуни да ја пречекаме Романија во Скопје и да завршиме со гостување кај БиХ на 11 јуни.