ПОТВРДЕНО: Баерн и Нојер потпишаа нов договор

82

Германскиот првак Баерн (М) денеска го потврди новиот договор со Мануел Нојер. 36-годишниот капитен на германските шампиони потпиша нова соработка со Баварците која ќе трае заклучно со 2024 година.

„Мануел Нојер е најдобриот голман во светот и со години поставува меѓународни стандарди. Многу сме среќни што му го продолживме договорот. Мануел е една од клучните фигури во историјата на ФК Баерн“, вели спортскиот директор, Оливер Кан.

Мануел Нојер со Баерн има освоено десет титули на Германија, пет купови и шестпати стана освојувач на Суперкупот. По двапати ја освои и Лигата на шампионите, Светското клупско првенство и Суперкупот на Европа.

ПретходноПроблем за „црвените“: Клоп за финалето на ЛШ останува без двајца играчи
Следно28 фудбалери на списокот на селекторот Милевски за стартот на Лигата на нации