Ристовски во тимот на сезоната во ХНЛ

350

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, и интернационалец во Динамо Загреб, Стефан Ристовски се најде во идеалниот тим на Хрватскиот шампионат за изминатата сезона.

Покрај тоа што Ристовски заедно со Аријан Адеми ја освоија титулата сезонава, десниот бек според оценките се најде во идеалните единаесет во силниот шампионат на Хрватска. Просечната оценка на Ристовски е 7.22.

Ристовски по периодот минат во Спортинг Лисабон, се врати во шампионатот на Хрватска и повторно е еден од најдобрите фудбалери таму.

 

ПретходноТиквеш со 20.000 евра премија за опстанокот
СледноЕдин Терзиќ е нов тренер на Борусија Дортмунд