Килијан Мбапе остана во ПСЖ откако денеска и официјално беше потпишан договорот со важност до 2025 година со што извиси Реал Мадрид кој настојуваше да го добие по секоја цена. На крајот Французинот остана на „Паркот на принцовите“. Задоволство од постигнатиот договор искажа и претседателот на клубот Насер Ал Келаифи.
„Килијан останува во ПСЖ уште три години. Ова е многу важно за нас, за Лига 1 и за Франција. Неговиот избор е силен сигнал. Најдобриот фудбалер на светот останува со нас. Останува затоа што Пари Сен Жермен му го отвара патот да ги постигна сите свои цели.
Од првиот ден меѓу нас се чувствуваше силна врска. Можеби не ја разбирате сега, но ќе ја разберете подоцна. Нe сакаме да ги откриваме бројките од договорот, но парите не се најважни. Најважна беше желбата на фудбалерот да биде дел од нашиот проект. Што се однесува до парите, клубот од Шпанија (Реал Мадрид) можеше да плати повеќе“, изјави Ал Хелаифи.