Дончиќ не може сам: „Вориорс“ на чекор до големото НБА финале (ВИДЕО)

195

Кошаркарите на Голден Стејт обезбедија и трета победа во финалето на Западот против Далас и дојдоа на чекор до пласман во големото НБА финале оваа сезона. Тие синоќа на гостувањето во Далас славеа со 109:100 и со тоа поведоа со 3:0 во финалето на Западната конференција

„Вориорс“ на чекор до големото финале по пауза од три години гу предводеше Стеф Кари кој заврши со 31 поен и 11 асистенции, а одлична партија имаше и Ендрју Вигинс кој додаде 27 поени, додека Клеј Томпсон постигна 19 поени.

Во редовите на Далас најдобар беше Лука Дончиќ, но неговите 40 поени повторно не беа доволни за победа. Спенсер Динвиди постигна 26, а Џејлен Бренсон 20 поени.

Далас шутираше многу лошо за три поени, погодувајќи само 13 од 45 шута, а Реџи Булок и Макси Клебер не погодија ниту една од 12 обиди. Следниот натпревар од оваа серија е закажан за ноќта меѓу вторник и среда, исто така во Далас.

Претходно„Кралевите“ за првпат по 38 години ја завршија сезоната без црвен картон
СледноМу го украдоа медaлот на тренерот на Милан: Ве молам вратете ми го, немам друг!