Во петокот вечерта Реал Мадрид одигра без голови со Бетис во опуштена атмосфера и со тоа ја заврши сезоната 2021/22. „Кралевите“ претходно ја заверија шампионската титула во Шпанија па последните две кола ги играше со комбиниран тим, без многу напор и притисок.
Но она што е ново за „Кралевите“ е што сезоната ја завршија без црвен картон и тоа им се случува за прв пат по 1984 година.
Реал заврши и со најмалку жолти картони – 76, само Виљареал има исто толку но „жолтата подморница“ треба да игра со Барселона.
Инаку најнедисциплинирани се Хетафе со 116 жолти картони и 8 црвени оваа сезона. А Валенсија се тука некаде со исто толку црвени картони и два помалку жолти картони.
Congratulations to Real Madrid on their first full LaLiga season without a red card since 1983/84. pic.twitter.com/z6KniBCNEN
— Sam Leveridge (@samleveridge) May 21, 2022