Марјан Илиевски уште две години во Битола

276

По завршување на Супер-лигата и пред стартот на главните битки за титулата, КК Пелистер без разлика на крајниот исход од плеј-офот, одлучи да ја продолжи соработката со Марјан Илиевски. Стратегот доби нов двегодишен договор, една од главните цели ќе биде развојот на кошарката во овој град.

„Одамна знаеме кои се плановите и патот по кој треба да се движи нашиот клуб. Незамисливо беше тој процес да продолжи без човекот кој го изгради овој респектабилен состав кој две години е во самиот врв на македонската кошарка. Со задоволство може да објавам продолжување на договорот на тренерот Марјан Илиевски за уште две сезони, со што КК Пелистер покажа стабилност и амбициозност и во годините кои доаѓаат. Се надевам дека оваа вест ќе ги израдува вистинските љубители на кошарката и своето задоволство ќе го покажат на нашите натпревари во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола“, рече спортскиот директор Мартин Јовановски.
ПретходноАмедовски не успеа во битката за опстанок во УФЦ
СледноМбапе ќе му растури трансфер на Манчестер Ј., во Париз доаѓа фудбалер на Барселона