Мбапе и официјално во ПСЖ до 2025 година

76

Килиан Мбапе и претседателот на ПСЖ, Ал Келаифи, денеска на официјална прес конференција ја објавија новата соработка со која напаѓачот останува дел од овој клуб до 2025 година.

Она што се случуваше на тема „Мбапе“ во последните неколку дена навистина го шокираше не само фудбалскиот свет туку и пошироко, а за прв пат по донесувањето на одлуката тој да не замине во Реал Мадрид и да остане во ПСЖ, Мбапе и се обрати на јавноста.

„Јас многу го почитувам Реал Мадрид и Флорентино Перез. Направија сѐ за да ме направат среќен и затоа лично морав да им се јавам за да им ја кажам мојата одлука. Со нив имам многу личен однос, но едноставно решив дека за мене најдобро е да останам. И мислам дека ја донесов вистинската одлука. Не знам што ќе се случи во иднина, каде ќе бидам за три години. Јас само сакам да им се заблагодарам на сите мадридисти, кои имаа огромна почит кон мене, што ме прифатија како еден од нив и го разбирам нивното разочарување. Но, мислам дека и тие треба да разберат дека јас одлучив да останам во мојата татковина“, изјави Мбапе.

Од  друга страна пак уште поинтересна беше изјавата  на Ал Келаифи кој рече.

„Парите не се најважното нешто за Килиан. Еден клуб од Шпанија можеше да му плати многу повеќе од нас, но тој се реши да остане тука“ – рече првиот човек на ПСЖ.

 

 

 

ПретходноАкадемија Пандев на 25 јуни против Левски во Софија
Следно50.000 фанови на отварањето на ЕУРО 2024!