Милевски: Помладите фудбалери ќе имаат шанса да го потврдат потенцијалот, верувам во позитивни резултати!

536

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот за дуелот од новото издание на Лигата на нации. Нашите момци почнуваат против Бугарија на 2. јуни на гостински терен, а ќе играат уште против Гибралтар (5. јуни), Грузија (9. јуни) и Гибралтар (12. јуни) во рамките на групата 4 во Ц сегментот.

На списокот не се најдоа неколку стандардни играчи како Аријан Адеми, шанса ќе им даде на помладите фудбалери, ќе имаат шанса да покажат дека треба да бидат дел од најдобриот национален тим.

“Базата на тимот веќе ја имаме со фудбалерите кои ги одиграа натпреварите за пласман на Светското првенство, но нашата цел е тројцата нови фудбалери во составот Димоски, Гроздановски и Фазлагиќ да донесат одредено освежување во репрезентацијата.
Шанса за потврда на својот потенцијал и квалитет ќе добијат сите и низ подготовките и натпреварите, помладите фудбалери треба да покажат дека можат да бидат важен дел од репрезентацијата во нашите натпревари од квалификациите за Европското првенство чија ждрепка е закажана во октомври.
Јас се надевам на многу позитивни работи во периодот што ни следува, иако распоредот ни наметнува четири меча, а фудбалерите завршија со клупски активности. Дел од нив како последица од напорната сезона и бројот на одиграни натпревари нама да бидат во комбинација за настап за натпреварите кои ни следуваат, а ќе видиме каква е ситуацијата со дел од играчите кои имаат повреда и дали ќе бидат во можност да настапат”, изјави Милевски по објавување на списокот. 

Претходно28 фудбалери на списокот на селекторот Милевски за стартот на Лигата на нации
СледноАмедовски не успеа во битката за опстанок во УФЦ