Рафаел Надал немаше поголеми проблеми да победи на стартот на овогодинешното изда ние на Ролан Гарос. Шпанецот го совлада Џордан Томпсон од Австралија во рамки на првото коло со убедливи 3-0 (6-2,6-2, 6-2).
Надал има задача на овој турнир да се обиде да го осови и со тоа повторно да се оддалечи по бројот на освоени гренд слем титули во однос на Новак Ѓоковиќ што секако нема да биде лесно. Во моментов Надал има 21. додека пак Ѓоковиќ еден помалку. Србинот вечерва отвора во Париз против Јошихито Нишиока.