ОФМ: Влезот за сите натпревари во Европската сребрена лига ќе биде бесплатен

239

Македонската одбојкарска репрезентација од денеска влегува во последниот дел од подготовките пред стартот на натпреварите во новото издание на Европската сребрена лига. Момците предводени од новиот селектор Павличевиќ во СЦ „Борис Трајковски“ ќе имаат само уште неколку тренинзи за да ја темпираат формата за премиерниот дуел во групата „Б“ против селекцијата на Босна и Херцеговина закажан в среда.

По половичниот ефект на двете контроли со Албанија (една победа и еден пораз), деновиве се поправаат грешките од вториот меч за да се влезе со оптимална форма за дуелот со Босанците. Од Одбојкарската федерација на Македонија велат дека очекуваат голема поддршка и од нашите навивачи во најголемата наша арена, па затоа се одлучија влезот за натпреварите во Скопје да биде бесплатен.

Македонија в среда од 20.15 ја пречекува селекцијата на БиХ, потоа оди на гости кај Романија (28.05), на 1 јуни ја пречекуваме дома Албанија, па потоа ќе им гостуваме (04.06), за на 8 јуни да ја пречекаме Романија во Скопје и да завршиме со гостување кај БиХ на 11 јуни.

ПретходноСезона за заборав: Манчестер Ј. три децении немале ваква гол-разлика
СледноОлсен им порача на навивачите на Сити: Оние кои ме нападнаа се идиоти