Додека сите го чекаат Јокиќ, Србија се соочува со нов проблем пред Европското првенство!

441

Српската кошаркарска репрезентација се соочува со нов проблем пред Европското првенство. Додека сите погледи на јавноста беа свртени кон најкорисниот кошаркар во НБА-лигата, Никола Јокиќ, денеска стигна нова шокатна информација.

Поради проблем со коленото, Богдан Богдановиќ ќе мора да оди на операција. Оваа повреда српскиот кошаркар го мачи цела сезона, пропушти голем дел од мечевите во НБА-лигата во дресот на Атланта. Препораките на лекарите е рутинскиот оперативен зафат да се направи меѓу сезоните.

Оваа информација во едно гостување ја потврди и селекторот на Србија, Светислав Пешиќ.

Европското првенство на програмата е од 1. септември, а Србија се наоѓа во група со Чешка, Полска, Финска, Израел и Холандија.

ПретходноКлоп: Не ми се јасни навивачите на Вулверхемптон!
СледноРистовски пристигнува повреден, но ќе „стисне заби“ за Македонија