Напаѓачот на Милан, Рафаел Леао е прогласен за најкорисен играч во штотуку завршената сезона во италијанската Серија А.
При одредувањето на победникот не беа земени предвид само статистичките податоци, туку и играта без топка, придонесот во тимските акции, како и техничките показатели.
На 34 натпревари 22-годишниот Португалец постигна 11 голови и 8 асистенции.
Неговиот Милан кој синоќа го прослави првото Скудето по пауза од 11 години, стана најмладиот шампион во Серија А во ерата во која победите на натпреварите се бодуваат со 3 бода. Просечната возраст на тимот предводен од најдобриот тренер сезонава во Италија, Пиоли е 26 години и 97 дена.