Тимот на Тиквеш од Кавадарци заслужено и следната година ќе се натпреварува во ПМФЛ шампионатот. На вчерашниот бараж дуел во Струмица против тимот на Воска, претендентот за влез во првата лига, кавадарчани го одиграа веројатно најдобриот меч сезонава и триумфираа со 4:1. Дуелот мина во целосна нивна домионација, и Кавадарци и следната година ќе гледа елитен фудбал.
Од друга страна Тиквеш оди на одмор од денеска, и тоа благодарение на победата со премија в џеп. Спортмедиа дознава дека управата на клубот вети и го исполни ветувањето секако, подели премија од 20.000 евра.
Во Кавадарци ветуваат дека следната сезона ќе има далеку повеќе успех и дека нема да се случи повторно сезоната да зависи од само еден бараж меч.