Хенес: Се чудам како Барса го бара Левандовски, а „заглавени“ се во долг од 1,3 милјарди евра

352

Се погласни се информациите дека Барселона ќе го ангажира Роберт Левандовски од Баерн ова лето. Се споменуваат големи суми, бонуси и слично… Почесниот претседател на Баерн Ули Хенес е изненаден од интересот на Барселона за полскиот голгетер ако се знае дека клубот од Каталонија има големи долгови.

На големо се пишува дека Барселона ќе го ангажира Роберт Левандовски. Пред шест месеци тие имаа долг од 1,3 милијарди евра. Во Германија одамна ќе беа банкротирани!

Значи огромен долг, банкрот им тропа на врата, а тие се перчат со мулти-милионска понуда за фудбалер на Баерн“, изјави Хенес.

Од друга страна тој вели дека не познава ниту еден човек од Баерн кој би се согласил Левандовски да си замине.

ПретходноЛазаров го скрати списокот за Медитеранските игри, Талески ќе одмара
СледноХерта избори опстанок, Хамбургер останува во Цвајте (видео)