Фудбалерите на Херта и следната сезона ќе играат во Бундес лигата откако беа подобри во двомечот со Хамбургер во баражот. На првиот меч во Берлин поранешниот европски првак славеше со 1:0 и се чинеше дека на домашен терен ќе им биде полесно, но се покажа како кошмар. Берлинскиот тим победи со 2:0 и на тој начин избори опстанок, а Хамбургер и следната сезона ќе игра во вториот по ранг шампионат во Германија.
ХСВ испадна во Цвајте пред четири години и од тогаш неуспешно пробува да се врати во најдоброто друштво. Со тоа повторно ќе мора да помине во понизок ранг и да се обиде наредната сезона да биде меѓу најдобрите во второлигашкото друштво за да се врати.
Инаку головите за Херта ги постигнаа Бојата во 4. минута, а во 63. минута погоди Платенхарт.