Домашната претставничка на Ролан Гарос, Диан Пари, која има 19. години во моментов во рамките од првото коло од овогодинешниот Гренд Слем, ја приреди и засега најголемата сензација совладувајќи ја минатогодишната победничка на турнирот Барбора Крејчикова од Чешка. Конечниот резултат на мечот гласи, 1:6, 6:2, 6:3, по сетови, и иако на стартот се мислеше дека фаворитката нема да има никакви проблеми да се справи со Пари, сепак, се случи сосема спротивното.
„Тешко е да се каже дека некој очекуваше ваков резултат. Секако дека сум пресреќна што усепав да победам. Се обидов да бидам агресивна на теренот и да освојувам што повеќе директни поени. Исто така се обидував да не размислувам премногу за да не си создадам дополнителен притисок. Размислував единствено како да не ја загувам концентрацијата и одев поен по поен“ – изјави Пари.