Един Терзиќ е нов тренер на Борусија Дортмунд

354

Досегашниот технички директор на тимот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ е назначен за нов тренер на тимот по отказот на Марко Розе.

Тој потпиша договор до 2025 година, а ова за него ќе биде прво тренерско искуство. Сепак, тој во еден момент минатата сезона ја водеше екипата како в.д. тренер освојувајќи го купот на Германија.

Тој од 2010 година наваму е дел од тимот на Борусија, најпрво како скаут директно поврзан со тогашниот тренер, Јирген Клоп. Беше помошник на Славен Билиќ кога хрватот беше тренер на екипите на Бешикташ односно Вест Хем.

 

ПретходноРистовски во тимот на сезоната во ХНЛ
СледноНадал без проблеми на стартот на Ролан Гарос