Манчестер Сити ја освои титулата во Премиер лигата, а играчот од средниот ред Ријад Марез верува дека “граѓаните” се најомразен тим во Ливерпул.
“Ливерпул е луд тим, тие се одличен тим. Знам дека не мразат. Мака им е од нас затоа што ако не бевме ние тие ќе освојуваа се секоја година, но ние сме тука и никогаш не се откажуваме и ќе бидеме тука и следната година”, порача Алжирецот.