Мбапе ќе му растури трансфер на Манчестер Ј., во Париз доаѓа фудбалер на Барселона

625

Откако реши да остане во ПСЖ и потпиша нов договор, Килијан Мбапе како да почнува да го составува новиот тим на парижани. Според локалните медиуми, младата француска ѕвезда побарара од управата на ПСЖ да го ангажира Френки де Јонг, фудбалерот на Барселона.

Новинарот Хавиер Пара Пења информира дека Килијан Мбапе, побарал од парискиот клуб да најде начин како ќе го донесе младиот Холанѓанец во Париз.

Весникот „Ле Паризиен“ пренесува дека ПСЖ внимателно ја следи ситуацијата со де Јонг, за кого Барселона се надева дека ќе заработи добра сума на пари од продажба ова лето.

Досега Манчестер Јунајтед беше тимот кој покажа најголем интерес за потписот на младиот играч за врска.

ПретходноМарјан Илиевски уште две години во Битола
СледноТен Хаг и официјално промовиран: Ситуацијата не е добра!