За време на прославата на Скудетото на екипата на Милан, бил украден шампионскиот медал на тренерот Стефано Пиоли.
56-годишниот стратег го предводеше Милан до титулата во Серија А, првото Скудето за Росонерите од 2011 година. За самиот тренер ова е генерално прв трофеј во кариерата.
„Ми го украдоа шампионскиот медал, некој ми го скина од вратот. Ако можам да побарам да ми го вратат, ќе бидам благодарен, немам друг“, апелирал Пиоли.