Ливерпул денеска и официјално потврди дека Фабио Карваљо ќе му се приклучи на клубот ова лето. 19-годишниот напаѓач официјално ќе го комплетира трансферот во „црвените“ на 1 јули.
Карваљо одигра клучна улога во промоцијата на Фулам во Премиер лигата постигнувајќи 10 гола и реализирајќи осум асистенции на 36 натпревари.
Младиот Португалец го имаше своето деби за младата репрезентација на Португалија до 21 година во март оваа година, откако претходно ја претставуваше Англија на младинско ниво.
Карваљо е дете на академијата на Фулам.