Пеп е најтрофејниот: 10 титули во 13 години кариера

189

51-годишниот шпански стручњак Хосеп Гвардиола, вчера со Манчестер Сити забележа уште едно уникатно постигнување. Освојувајќи ја титулата во Премиер лигата за сезоната 2021/2022 година, Пеп успеа да стане менаџер со најмногу освоени титули во ТОП 5 најдобрите европски национални првенства.

Од неговата прва сезона во 2008/2009 година, Гвардиола има освоено повеќе титули во најдобрите пет европски лиги (Премиер лига, Лига 1, Бундес лига, Серија А, Ла Лига) од кој било друг менаџер. Шпанецот синоќа го крена својот 10-ти шампионски пехар.

Претходно стана јасно дека Гвардиола е трет тренер во светот по бројот на освоени трофеи, 32. Истите ги освои за 13 години минати во тренерската кариера. Само двајца тренери се пред Гвардиола по бројот на трофеи: Мирчеа Луческу, кој сега е на чело на Динамо Киев (34 титули за 40 години кариера) и поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон (49 титули за 39 години).

ПретходноЅверското забивање на Вигинс, настрада Лука Дончиќ (ВИДЕО)
СледноИлиевски: Битола заслужува финале, градот верува во нас