Сезона за заборав: Манчестер Ј. три децении немале ваква гол-разлика

192

Манчестер Јунајтед ја заврши својата сезона за заборав во Премиер лигата со пораз во последното коло кај Кристал Палас. „Црвените ѓаволи“ ја завршија сезоната на шестото место и наесен ќе учествуваат во Лигата на Европа.

Надежта за навивачите на тимот е дека неговата судбина ќе биде сменета по доаѓањето на холандскиот стручњак Ерик тен Хаг, кој ќе ја преземе менаџерската функција од Ралф Рангник. Под водство на Германецот и пред него Оле Гунар Солскјер, „ѓаволите“ освоија само 58 бода (35 помалку од шампионот Манчестер Сити), а гол-разликата им е на „егал“ – 57:57.

Ова е најлошиот сооднос „дадени/примени голови“ за тимот во последните 32 години. Во сезоната 1989/90 Јунајтед заврши со негативна гол-разлика 46:47.

ПретходноИлиевски: Битола заслужува финале, градот верува во нас
СледноОФМ: Влезот за сите натпревари во Европската сребрена лига ќе биде бесплатен