Тен Хаг и официјално промовиран: Ситуацијата не е добра!

291

Ерик тен Хаг денеска и официјално беше промовиран како нов тренер на Манчестер Јунајтед. Холандскиот стратег најави дека целта е една – да го врати клубот онаму каде што припаѓа.

„Едвај чекам да почнам да работам во клуб кој има ваква историја. Нашата цел е да го вратиме Јунајтед онаму каде што припаѓа, сакаме навивачите да бидат горди.

Моменталната ситуација не е добра и мора да ја прифатиме, но исто така треба да бидеме свесни дека оваа екипа беше втора во Премиер лигата пред една година. Потенцијалот постои и сега на нас е да го извадиме. Тоа е процес, ќе потрае време, но убеден сум дека ќе дојдеме до тој момент кога ќе постигнеме успех. Мора да работиме напорно, истото да се базира на вистинската филозофија и стратегија“, изјави новиот тренер на Јунајтед.

ПретходноМбапе ќе му растури трансфер на Манчестер Ј., во Париз доаѓа фудбалер на Барселона
СледноИгор Стефановски Иџе и во иднина бренд амбасадор на Видеолотарија Касинос Австрија