Вавринка „одлепи“, жестоко го нападна судијата на Ролан Гарос (ВИДЕО)

265

Швајцарскиот тенисер, Станислав Вавринка на првиот меч на Ролан Гарос направи сцени. За време на дуелот со Корентан Мута му се пушти на судијата, почна да го пцуе и да го навредува. Причината беше ладната вода, според Вавринка недозволиво е тенисерите да добиваат премногу студена вода.

„Дали е тоа нормално? Не е нормално на еден гренслем да добиете ваква вода. Јави се кај некого, барав вода од тебе, не нешто што ќе ме смрзне. Ова не е добро. Ова е Ролан Гарос, зар тука не можам да добијам нормална вода. Мислите ли дека сето ова е нормално?“, викаше Швајцарецот кон судијата.

На крајот Вавринка си ги спакува куферите, беше поразен од Корентан Мута (6-2, 3-6, 6-7, 3-6).

ПретходноСаитоски откажа, на негово место Игњатов
СледноШампионот им рече благодарам на Чешмеџиев и Исмаиљи