Ненад Димитријевиќ не успеа да погоди во последниот напад на Валенсија и да и донесе победа на својата екипа во првиот четвртфинален меч од шпанската Лига Ендеса. Валенсија загуби на домашен терен од Басконија со 79:80 и поведе со 1:0 во серијата до две победи за пласман во полуфиналето.
Нашиот репрезентативец имаше извонреден настап со 15 поени и 6 асистенции со кои беше втор најдобар поентер во својата екипа, но не успеа да погоди неколку шутеви во финишот на мечот. Нено го доби и последниот шут во последните 8 секунди на мечот, но за жал на домашните навивачи не успеа да ја протне топката низ обрачот.
За четири дена ќе се одигра вториот меч во Басконија во кој домашните ќе имаат меч-топка за полуфинале.