Мурињо: Големите клубови мора сериозно да ја сфатат Лигата на конференции

272

Во среда (25 мај) во Тирана во финалето на Лигата на конференции ќе играат Рома и Феенорд. Тренерот на римскиот клуб Жозе Мурињо изјави дека големите клубови мора сериозно да го сфатат новото европско клупско натпреварување.

Кога почна ова натпреварување имаше доста критики. Луѓето гледаа плеј-оф без германски, англиски или шпански тимови… Ние гледавме полуфинале со 70.000 гледачи во Рим, полни стадиони во Марсеј или Лестер. Ова натпреварување стана важно бидејќи клубови како нас го сфаќаат сериозно. Големите клубови мора да разберат дека ЛК е важна“, изјави Мурињо.

Португалскиот тренер ќе игра за петтиот европски трофеј затоа што со Порто во 2004 и Интер во 2010 година ја освои ЛШ, со Порто во 2003 и со Манчестер Јунајтед во 2017 година ја освои Лига Европа. А Рома ќе игра за првиот голем  трофеј во некое европско натпреварување.

Сакам поради себе да го освојам трофејот, но посебно поради навивачите кои немаат искусено вакво нешто како и поради играчите за да направат голем чекор во кариерите“, додаде Португалецот.

ПретходноДробаров и Черно Море се најдобрата одбрана во Бугарија
СледноBBC се извини за ужасната порака