Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и член на Динамо Загреб, Стефан Ристовски доби уште едно признание за одлично одиграната сезона во дресот на „Модрите“. Покрај тоа што е сврстен во идеалните единаесет на официјалниот сајт на Хрватската фудбалска федерација, Ристовски се најде меѓу најдобрите и според изборот на швајцарскиот фудбалски институт, CIES.
Истиот се бави со статистика односно истражување и анализи, па на крајот од секоја година објавува единаесетмина најдобри од 32. европски шампионати.
Во оној за ХНЛ се најде и Стефан Ристовски, заедно со уште шестмина негови соиграчи од сега веќе актуелниот шампион на Хрватска, Динамо Загреб.