Се е договорено: Британската влада доби правни гаранции, Челзи ќе има нов газда

157

Одборот на Премиер лигата го одобри предложеното преземање на Челзи од страна на конзорциумот Тод Боли/Клерлејк. Британската Владата доби правни гаранции дека Роман Абрамович нема да има корист од продажбата на Челзи од 4,25 милијарди фунти. Парите ќе се чуваат на замрзната банкарска сметка, а договорот ќе стави крај на 19-годишната сопственост на Абрамович над Челзи.

Се очекува владата да го одобри преземањето на Челзи во следната недела. „Скај Спортс“ информира дела приходите од продажбата одат на замрзната банкарска сметка контролирана од владата. Абрамович е исто така санкциониран од Европската унија и бидејќи има португалски пасош, продажбата треба да биде одобрена од португалските власти.

Официјалните претставници на Британија продолжуваат со интензивните разговори и со Европската комисија и со нивните португалски колеги во обид да ја завршат продажбата на Челзи што е можно побрзо, но сепак сложеноста и бирократската природа на договорот значат дека процесот може да се забави.

Договорот ќе стави крај на 19-годишната сопственост на Абрамович врз Челзи, во која клубот освои 21 трофеј, вклучувајќи пет титули во Премиер лигата и две Лига на шампиони. Боли, кој е косопственик на бејзбол тимот ЛА Доџерс и неговиот колега член на конзорциумот „Хансјорг Вис“ беа на „Стемфорд Бриџ“ на мечот со Вотфорд во неделата.

ПретходноСе појави украдениот медал на Пиоли
СледноДупјачанец следната сезона ќе брани за Вилербан