При големата прослава на титулата на Милан освоена во Серија А, која што се случуваше викендов на гостувањето кај Сасуоло, дојде до голем метеж на теренот откако навивачите влегоа онаму каде што реално не им е место. Во тој хаос некој му го украл медалот на тренерот на Милан, Стефано Пиоли, и тој истото го сподели со јавноста.
Да биде проблемот уште поголем, во текот на денешниот ден на интернет се појави фотографија на медалот со порака, „благодарам Пиоли“. Сега секако на ред е полицијата која треба да открие каде и кај кого се наоѓа медалот и секако да му го вати на оригиналниот сопственик.